III · Услуги
Семејно право
Развод на брак · Родителски права · Издршка · Семејно насилство
Обезбедуваме правна помош и застапување во сите области на семејното право, вклучувајќи развод на брак, уредување на родителските права и обврски, издршка, лични односи со децата, утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, посвојување, старателство, заштита од семејно насилство, делба на брачната имотна заедница, како и во сите други судски и вонсудски постапки што произлегуваат од семејните односи. На секој предмет му пристапуваме професионално, доверливо и со цел да обезбедиме ефикасна заштита на правата и интересите на нашите клиенти.
Изнесете го вашиот предмет
Првата консултација е бесплатна и необврзувачка. Одговор се дава во рок од еден работен ден; за предмети со краток рок, телефонскиот контакт е побрз.