Право на странци
Обезбедуваме правна помош и застапување во сите постапки поврзани со правниот статус на странци во Република Северна Македонија, вклучувајќи добивање, продолжување и промена на дозволи за привремен и постојан престој, единствена дозвола за престој и работа, семејно обединување, визни постапки, стекнување, престанок и отпуст од државјанство, како и застапување во управни и судски постапки, поднесување жалби и други правни средства пред надлежните органи. На секој предмет му пристапуваме професионално и посветено, со цел ефикасно остварување и заштита на правата и правниот статус на нашите клиенти.
Изнесете го вашиот предмет
Првата консултација е бесплатна и необврзувачка. Одговор се дава во рок од еден работен ден; за предмети со краток рок, телефонскиот контакт е побрз.