VI · Услуги
Имотно право
Сопственост · Недвижности · Катастар · Хипотеки
Обезбедуваме правна помош и застапување во сите области на имотното право, вклучувајќи стекнување, пренос и заштита на правото на сопственост и други стварни права, купопродажба, дар, размена и закуп на недвижности, катастарски постапки, хипотеки, службености, легализација на објекти, утврдување и заштита на сопственост, владение, делба на имот, како и застапување во сите имотноправни спорови пред надлежните судови и институции. На секој предмет му пристапуваме со темелна правна анализа и целосна посветеност за сигурна и ефикасна заштита на правата и интересите на клиентите.
Изнесете го вашиот предмет
Првата консултација е бесплатна и необврзувачка. Одговор се дава во рок од еден работен ден; за предмети со краток рок, телефонскиот контакт е побрз.